Домаќин

Домаќин или личност кој ќе го води целиот настан, предвидовме да биде Марко, познат по телевизиското шоу „Дај побрзај“. Сметаме дека Марко е вистински избор за еден ваков хепенинг, токму поради тоа што тој со својот хумор и спонтаност може да ги анимира децата и да го направи целото шоу поинтересно и позабавно.
Kловнови Биди и Бади

Kловнови Биди и Бади -
Учество на најпознатите кловнови кои се многу популарни кај децата од цела Македонија.Тие освен што ќе имаат свое шоу на главната сцена, и во театарот за деца, ќе ги анимираат децата на целиот простор од Селото. Нивниот ангажман е минимум во траење од три часа.
Fuzzbuble Crew
Театарска претстава “Волкот и црвенкапа”
Театарска претстава “Волкот и црвенкапа" која ќе биде прилагодена за потребите на настанот Денот на земјата.
Во претставата учествуваат Предраг Павловски и Тања Кочовска познати и популарни актери од Театарот за деца и младинци. Претставата-Волкот и Црвенкапа- во која ќе бидат вметнати елементи поврзани со екологија и заштита на животната средина, има интерактивен карактер, лесно воспоставува контакт со децата, а во некој делови од претставата децата земаат активно учество. Времетраењето на претставата е 20 минути и таа ќе биде прикажа двапати во текот на траењето на целиот настан за да можат да ја видат повеќе посетители.
Детскиот фестивал „Поточиња“

Детскиот фестивал „Поточиња“. Предвидено е да настапат деца со возраст од 4 до 6 години со неколку песни од најновиот фестивал кој ќе се одржи на крајот на месец Март. Ќе испејат неколку нумири, меѓу нив песните „Депонија“, „Планета земја“ и „Излези од овој град“ со својата содржина одговараат токму на темата и идејата на овој настан.
Играорната група „Кочо Рацин“


Играорната група „Кочо Рацин“. Децата од овој асамбел ќе настапуваат на главната сцена во традиционална македонска носија и музика.
Балетското студио „Ребис“”

Балетското студио „Ребис“. Детската група од балетското студио „Ребис“ ќе настапат со три кореографии на главната сцена со специјално дизајнирани костими наменети за Денот на земјата. Станува збор за костими кои симболизираат цвеќе, дрво или останати елементи од природата.
Претставници на детската Евровизија

Учество на нашите претставници на детската Евровизија, Димитар и Росица, кои успешно ја претставија нашата земја освојуваќи го петто место. Покрај песната со која настапија на Евро Сонг, по која сите ги препознаваат, ќе ја испеат и нивната нова песна „Земјата плаче“, која има еколошка содржина.
Мандолински оркестар


Настап на мандолинскиот оркестар под диригенство на Господин Рамадан Шукри. Нивниот настап ќе се одвива на театарската сцена.
Настап на деца од ромска националност
Културен центар Карпош

Културен центар Карпош – Деца од детскиот Културен Центар Карпош ќе настапат со играта “Mакедонска свадба”
Снимање на детска емисијата
Снимање на детска емисијата. Сметаме дека еден ваков исклучителен настан вреди да биде виден и да остане запаметен и преку снимање на посебна емисија наменета за децата и младите. Го поканивме Господин Џинас Папас-Џокси, кој е познат по своите едукативни емисии кои ги реализира заедно со децата, да биде дел од овој хепенинг и да ја сними својата емисија токму на Денот на Земјата. Станува збор за детска едукативна емисија со наслов „ШТО Е ШТО“, која се прикажува на Телма телевизија, секоја сабота од 11 часот, и реприза во Недела во 12 часот.
Контејнер и 30 шишиња

Креативноста се исплати. Децата од струмичките клубови за рециклирање направија маска од 30 шишиња и контејнер со која што се претставија на Струмичкиот Карневал 2008 и ја освоија втората награда. Веднаш до главната бина ќе биде поставен контејнерот што треба да ја пренесе основната идеја „Да се заштитува приридата и да се живее во чиста и здрава околина."
Учество на македонски музички изведувачи
Оплеменет со зеленило

Оплеменет со зеленило - Целиот простор ќе биде оплеменет со зеленило, обезбедено од страна на Јавното претпријатие “Паркови и Зеленила”