Додека некои жени веќе ја уживаат рамноправноста, други се трудат да ја постигнат, трети воопшто не се ни надеваат на истата.
Низ годините, искуствата и смена на генерации, жената стана креатор на своите соништа, спремна за реализација на истите.
Трета година по ред Меѓународниот ден на жената 8 Март беше одбележан преку премиерно прикажување на документарни филмови од жени режисерки во рамки на филмскиот фестивал “Вечерите на женски права”.
Преку дебати поврзани со конкретната проекција, беше пренесена пораката за развојот на жената низ различните фази во опшетството.
Репертоар на филмскиот фестивал:
05.03.2012 - “Работа од соништата„ режија: Daniela Majstorovic
06.03.2012 - “Девојчето што бере тутун„ режија: Biljana Garvanlieva
07.03.2012 - “Порција: Жените и послужувањето и уметноста на услугата„ режија: Maja Gallus
08.03.2012 - “Колку убава демократија„ режија: Belmin Söylemez, Berke Baş, Haşmet Topaloġlu, Somnur Vardar
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на Вечерите на женски права посетете ја страницата http://www.unwomen.org/