|
Менаџмент услуги |
|
Избор на локација
Еваулација,избор и договарње на најсоодветна локација и установа, со цел да одговори на потребите на настанот. Тимот на Feedback во Ваше име ќе направи истражување на понудените локации и ќе го предложи најдоброто можно решение за конференциски простор. За Вас ги договараме најповолните услови и цени за хотелско сместување, изнајмување на сали, кетеринг услуги…
Финасиска подготовка
Изготвување на преелименарен буџет, менаџирање на трошоците, изготвување на анализи и извештаи
Хотелско сместување
Нашиот тим ќе понуди најсоодветно хотелско сместување за Вас, како и помош и поддршка низ целиот процес на резервации и регистација. Поддршка при избор на хотели кои се во близина на конференциската локација, и се во согласно на Вашиот буџет.
Организација на патување
Транспорт од и до аеродром, хотел, место на одржување на настанот. Нашиот тим обезбедува транспорт за време на траење на настанот: мини комбиња од хотелот до местото на конференцијата и обратно. Транспорт за време на факултативната програма
Регистација на учесници пред и за време на настанот
Организациски и логистички детали во поглед на регистација на учесници. Тимот на Feedback ги превзема вашите грижи и има улога на главен контакт центар одговорен за коресподенција. Регистација на учесници пред настанот, контакт преку телефон, факс и електронска пошта e-mail. Регистација преку посебно дизајнирана веб страна за потребите на конференцијата, регистрација за време на настанот, пласирање на активни информации за настанот. Дистрибуција на сите информации до учесниците, вклучувајќи брошури за регистација, писма, покани за настанот и потврда за присуство
Рекламирање и промоција
Дизајнирање и принтање на банери, брошури, постери и печатени материјали. Медиумско рекламирање, односи со јавност и огласување
Дизајнирање,печатење и дистрибуција на конференциски материјали
Графичко дизајнирање, печатење,копирање и дистрибуција на конференциски покани,програми,списоци на учесници,папки,бележници, пенкала,индикатори,беџови,менија,благодарници…
Учество на модератот и ВИП говорници
Соработка со ВИП личности и модератори, кординирање на нивното пристигнување и одјавување, како и целосна логистичка поддршка. Собирање на програмски и презентациски материјали, подготовка на конференциски извештаји во пeчатена форма и на ЦД-ром
Менаџмент на местото на настанот
Нашиот тим задолжително одржува подготвителни состаноци со одговорните лица во хотелите и институциите како и координација за време на настанот на сите логистички детали. Нашиот тим стои на располагање за имплементирање на било какви промени во дневниот ред, потреби на говорниците и учесниците, како и за сите оние кои се директно поврзани во спроведување на настанот. Feedback е Вашиот претставник на местото на настанот, задолжен за спроведување на сите договорени активности и контакти со добавувачите
Кетеринг услуга и организирање на коктели
Нашиот тим поседува огромно знаење и искуство во предлагање на најсоодветна кетеринг услуга во согласност со Вашите желби, потребите и одобрен буџет. Организираме, предлагаме избор на повеќе менија и заедно со Вас го избираме најдоброто можно мени
Проширување на настан
Нашиот тим ќе Ви помогне да додадете дополнителен екстра „ВОУ“ефект, се со цел настанот долго да го паметите. Проширување на Вашиот настан со свечени вечери, тим-билдинг активности, екскурзии и забави. Координирање на сите активности во зависност од потребите на настанот, со добавувачите при организација на свечени вечери-коктели, фотогафирање, забавувачи. Организирање прием на учесници, гала вечери, екурзии пред или по настанот
|
|
|
|
|