Feedback е професионална компанија за конференциски менаџмент и менаџмент на настани.
Feedback обезбедува професионални услуги при организирање на состаноци, конгреси, симпозиуми, конвенции, семинари, собири, конференции, прес конференции, промотивни настани, презентации, курсеви за обука, работилници, форуми, деловни состаноци и организирање и водење на било кој друг тип на настан за кој Вашата компанија би имала потреба.
Feedback ги планира, координира, спроведува и ревидира сите логистички и организациони детали и ги превзема сите Ваши грижи.
Немојте да го трошите Вашето скапоцено време и трпение за организирање и координирање на човековите и сите останати ресурси потребни за организација на Вашиот настан. Ние сме еден и единствениот контакт кој вам Ви е потребен. Нудиме 24-часовно менаџирање и водење на лице место на настанот се со цел да се овозможи беспрекорно одржување на Вашиот настан.
Feedback е посебно позиционирана компанија која нуди широк спектар на решенија со единствена цел да ги задоволи конкретните потреби на компанијата-клиент.
Feedbackима улога како екстензија на Вашиот тим и компанија за време на настанот. Преку спроведување на Вашите замисли и идеи, целосно ги остваруваме Вашите цели, за успешна реализација на Вашиот настан.
Располагаме со широка распространета мрежа на деловни партнери од различни области, преку која Ви нудиме највисоко ниво на услуги и го правиме Вашиот настан посебен и единствен. За Вас ги обезбедуваме по најповолни услови, најдобрите хотели, конференциски сали, превоз, угостителски услуги, преведувачи, забава, техничка опрема и сите други детали кои се потребни за успешна реализација на секој настан.
|