MK | EN
 
 
Сојуз на спортови на Скопје
 
 

Четврти година по ред, со учество од преку 2500 натпреварувачи, двојно повеќе од минатата година, низ скопските улици се случуваше бура од познати светски маратонци, како и голем број љубители на спортот. 

На патеката долга 42 километри со време од 2:28:56 во машка конкуренција триумфираше унгарецот Томаш Тамс, а во женска конкуренција победата ја однесе олимпиката од Маратонот во Пекинг, Лусија Кимани со време од 2:55:56 под знамето на Босна и Xерцеговина. Двајцата маратонци ги соборија минатогодишните рекорди.

Хуманитарната трка од  5.000 метри, на која активно учество земаа високи финкционери и амбасадори, оваа година беше хуманитарна.  Средствата од котизација за трката се употребија за купување на медицинска опрема за детската болница Козле.
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на Скопски Маратон посетете го порталот  http://www.skopskimaraton.com.mk/