MK | EN
 
 
Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС
 
 

Оваа година под мотото “САКАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА, УЖИВАЈ ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА„ за прв пат во нашата држава се организираше проект кои општините им го посветија на своите граѓани.

Секоја сабота започнувајќи од 08 Мај до 08 Јули 2010, на скопскиот плоштад „Македонија” со своја промоција се претставија сите осум региони на територијата на Македонија. Претставувајќи ги своите обележја по што е познат секој регион посебно, посетителите имаа можност вистински да се запознаат со богатствата и убавините на својата таковина.

Богатата програма, преку учество на музички групи, културно-уметнички друштва, модни ревии и останати интересни активности го збогатија и надополнија амбиентот на секој посебно претставуван регион.
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на овој проект посетете го порталот  www.zels.org.mk