Под мотото „ОСТАВИ ГО АВТОМОБИЛОТ, ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД“ и официјално се означи почетокот на проектот за изнајмување на велосипеди во нашиот главен град.Со цел намалување на градската бучава, сообраќајниот метеж, зачувување на животната средина, како и за полесно движење на граѓаните при вршење на секојдневните потреби во централното градско подрачје, на три локации, се поставија велосипеди.
Како дел од системот за јавен транспорт, за почеток на овој проект жителите на Скопје ќе имаат можност да изнајмат велосипед за само 10 денари на час, од постојките поставени на:
• јавното паркиралиште Плоштад Македонија
• јавното паркиралиште Треска и
• јавно паркиралиште Аеродром, кај Трговски центар Бисер
За подетални информации за главниот иницијатор за започнување на овој проект, посетете го порталот, www.ekosvest.org.mk.