Преку едукација и обука беа опфатени 84 Општини во Репубкика Македонија како во фазата на истражување, така и во запознавање со приодот на човекови права, развивањетоа на индикаторите и обуката за нивна употреба.
Директна целна група и истовремено клучни партнери во проектот се преставници на националните државни тела и локалните самоуправи, локалните јавни организации и органи, граѓанскиот сектор, вклучувајќи ги другите засегнати страни.
Во поширока смисла на поимот целната група е населенито на локално и национално ниво, со цел да биде информирано и охрабрено да бара вклучување во процесот на креирање политики и одлучување на тој начин да земе активно учество во адресирање на забележана дискриминација и/или нееднаквост.
Сите активности беа насочени кон постигнување на целите на проектот и тоа:
-
Подобрено спроведување на националното законодавство за недискриминација
-
Развивање на национална политика за борба против дискриминацијата и унапредување на еднаквоста надвор од законодавството.
-
Зајакнување на информирањето за ЕУ и националната политика и законодавство во полето на антидискриминација
За подетални информации за главниот иницијатор за реализација на овој проект, посетете го порталот на Хелсиншки комитет на човекови права на Република Македонија, www.mhc.org.mk