Оваа година под мотото „Фискалната децентрализација и улогата и можностите за општините во Република Македонија“ по петти пат се организираше Саемот на општините-„ЗЕЛС ЕКСПО 2009“.
Повеќе од педесет општини, на своите штандови освен презентирањето на своите активности, постигнати резултати и идни проекти, ги претставија и културните и природните богатства на општината.
На ЗЕЛС ЕКСПО 2009-та, граѓаните имаа можност да се сретнат со своите градоначалници и претставниците на локалната власт. Додека пак општините собрани на едно место, имаа можност меѓусебно да разменат искуства и добри практики што ги реализирале во изминатиот период.
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на саемот на општините посетете го порталот www.zels.org.mk