За прв пат младите од Унгарија, Бугарија, Романија,Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово,Црна Гора и Македонија на ист ден преку мирен протест со забава и музика, испратија единствена порака"ВРЕМЕ Е за добра работа и пристојна плата".
На 20 Јуни 2008 година во Будимпешта, Софија, Букурешт, Тирана Загреб, Сараево, Белград, Приштина, Подгорица и Скопје во рамките на кампања за подобрување и зголемување на бројот на работните места за младите се одржа журка „Време е".
Главна таргет група на овој настан се студенти, млади и невработени од Југоисточна Европа. Преку декларација потпишана на 1 Март 2008 во Скопје, младинските организирации на синдикатите од 10 држави од Југоисточна Европа, се согласија да ги повикаат владите на нивните држави активно да ги вклучат во процесот на донесување одлуки за добра работа, пристојна плати, подобри работни услови, повеќе работни места и можности.
Конфедерација на меѓународни синдикати во соработка со фондацијата ФЕС и синдикатите од регионот, за Македонија УНАСМ, КСС, и ССМ се главни подржувачи на оваа кампања.
За подетални информации посетете го порталот на Фондацијата "FES" www.fes.org.mk, и на Младинската мрежа на Југоисочна Европа www.seeyn.eu