Свест за здрава животна околина и здрав живот треба да има секој жител на планетата земја. Заедно за чиста Охридска ривиера е мотот под кое се организираа "Деновите на рециклирање". Со јавна кампања преку акции за чистење на Охридската ривиера, многу забава, жонглери, журка на плажа, награди за најкреативните и најактивните собирачи на ПЕТ, се промовираше рециклирањето, како еден од клучните фактори за зачувување на планетата земја и намалување на нејзиното загадување.
За подетални информации за главниот покровител и иницијатор за одржување на "Деновите на рециклирање", посетете го порталот на проектот за рециклирање на пластика, поддржан од USAID, www.plasticrecycling.org.mk