MK | EN
 
 
ЕВН Македонија
 
 

 

Австриската компанија EVN AGво април 2006 го доби монополот во дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија со откуповање на 90% од ЕСМ-дистрибуција.

На 17 септември 2008, компанија за дистрибуција и снабдување со електрична енергија ЕСМ Македонија е целосно ребрендирана во ЕВН Македонија како дел од аврстиската групација ЕВН.

EVN AG е водечка интернационална компанија за енергетика и инфраструктура со седиште во Долна Австрија. Како групација во пораст EVN AG активно учествува во можностите за развој на Централна и Источна Европа и врз основа на најмодерни инфраструктурни решенија на своите корисници им нуди струја, гас, топлинска енергија, вода, термичка преработка на отпад и други услуги. Компанијата котира на Виенската берза и е присутна во 21 земја.

За подетални информации посетете го порталот:http://www.evn.com.mk/

 

 
Фото Галерија