MK | EN
 
 
ЦЕПРОСАРД-центар за промоција на одржлив земјоделски практики и рурален развој
 
 

Петмина современи фотографи од Балканот (Скопје,Атина,Тирана,Призрен и Белград) направија фотографии на споменици од периодот на Османлиската Империја во современ контекст, кои ни овозможуваат да го видиме османлинското наследство низ едно поинакво светло и да ја раскажеме нашата БАЛКАНСКА ПРИКАЗНА.

Преку пренесување на балканската приказна сите посетители ја имаа едиствената можност да патуваат низ времето преку мирисите и звуците од османлискиот период, зачувани како културно наследство низ историјата и вековите.

Воедно, додека ја разгледува изложбата, гостите имаа можност да слушнат и специјално создадени композиции кои содржат звуци од османлискиот период.

Изложбата беше поставена во Скопје, Атина, Белград, Призрен, Тирана, Брисел и Берлин.

За подетални информации за главниот покровител и иницијатор за одржување на изложбата посетете го порталот: http://www.balkantale.com

 
Фото Галерија