MK | EN
 
 
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
 
 

 

Проектот „Подобрување на учеството во демократските процеси на заедниците под 20%“, покрај својата главна цел на зајакнување на капацитетите на овие заедници во подобрување на условите за практикување на нивните права, нивната политичка, граѓанска и медиумска застапеност како и презентацијата на нивната култура и видливост, содржи и специфичен дел кој се однесува на идентификација на проблемите и изготвување на препораки за подобрување на соработката помеѓу централните и локалните општински власти и невладиниот сектор во остварување на правата на овие заедници во локалната самоуправа.

За реализација на оваа специфична цел во рамките на Проектот беше реализирано истражување и спроведена анкета во однос на политичката, културната и медиумската застапеностна заедниците под 20 %, каде како пилот истражувачки општини беа земени следните пет заедници во нив, и тоаРомската заедница во Кочани; Бошњачката заедница во Велес; Турската заедница во Врапчиште; Влашката заедница во Крушево и Српската заедница во Куманово.  

За подетални информации посетете го порталот:  www.mhc.org.mk