На најголемата спортска забава во градот, Скопски маратон 2013, во организација на Сојуз на спортови, активно учество земаа рекорден број од 4900 натпреварувачи од вкупно 36 земји.
На маратонската патека и оваа година доминација имаа кениските атлетичари кои ги освоија првите места во двете конкуренции.
Триумфира, Атлетичарите Вајклиф Кипкорир Бивот со време од 2:21:58 во машка конкуренција и Каролин Џемели Кипруто со време од 2:48:39 во женска конкуренција, поставувајќи нови рекорди на патеката долга 42,195километри.
Трка на 5 километри на која учество земаа 3.500 рекреативци, традиционално беше со хуманитарен карактер. Средствата од котизација за нејзино учество овој пат се донирани во детската клиника и здружението за ретки болести „Живот со предизвици“.
За подетални информации за главниот покровител и иницијатор за одржување на Скопски Маратон посетете го порталот http://www.skopskimaraton.com.mk