Активно учество земаа рекорден број од 6000 натпреварувачи од вкупно 47 земји на најголемата спортска забава во градот, Виз Ер Скопски Маратон 2014 во организација на Сојуз на спортови.
На главната маратонска трка и во машка и во женска конкуренција Кениците потавија нов рекорд на Скопски Маратон. Нов рекордер во машка конкуренција е Емануел Самал со време од 2:14:24, a во женска конкуренција новиот рекорд го постави Луси Вамбуи Муриги, остварувајќи време од 2:37:45
Маратонецот Вилсон Кипсанг кој го постави светскиот рекорд во маратон со време 2:03:23 на Берлинскиот Маратон во 2013 година, имавме чест да биде гостин и да го промовира овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон.
За подетални информации за главниот покровител и иницијатор за одржување на Скопски Маратон посетете го порталот http://www.skopskimaraton.com.mk