Во организација на Сојуз на спортови, Скопски Маратон, кој се одржа на 06 Мај 2012 ни ја приреди најголемата спортска забава со рекорден број учесници досега, преку 4000, со што покажа дека е бренд трка на главниот град, препознатлива по масовност, квалитет, дружба, забава и спортски дух.
На температура од повеќе од 30C степени, на овогодинешниот маратон најдобро се снајдоа повторно Кениците. Во машка конкуренција патеката од 42.195 км најбрзо ја истрча Партик Вамбугу со време од 2:26:41, додека пак кај дамите втор пат по ред триумфираше Сесилија Варатумо со време 2:54:58.
Трка на 5 километри на која активно учество земаа високи функционери и амбасадори, традиционално беше со хуманитарен карактер. Средствата од котизација за нејзино учество овој пат се донирани во центарот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје.
За подетални информации за главниот покровител и иницијатор за одржување на Скопски Маратон посетете го порталот: http://www.skopskimaraton.com.mk