Маратонската патека годинава се запиша во календарот на интернационалната атлетска федерација за маратони, со што Скопскиот маратон влезе во друштвото на светски познатите маратони. Воедно, за прв пат оваа година мерењето на постигнатите резултати беше спроведени преку чипови закачени на стартните броеви на секој ученик.
Кениските атлетичари Диксон Терер со време од 2:23:50 во машка конкуренција и Сесилија Варутомо со време од 2:50:06 во женска конкуренција триумфира, поставувајќи нови рекорди на патеката долга 42,195 километри.
Дел од средствата од котизација за учество во сите три трки се наменети за донација во здружението за помош на деца со посебни потреби „Дајте ни крилја“ за реновирање на базенот во Козле, потребен за хидротерапија на децата.
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на Скопски Маратон посетете го порталот http://www.skopskimaraton.com.mk/