Главната цел на седмата меѓународна конференција е-Општество, на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“ беше подигање на јавната свест кај граѓаните за реупотреба на е-отпад (отпад од електрични и електронски уреди).
Низ работилници за креативна реупотреба на електронскиот отпад и создавање на „зелена“ канцеларија, посетителите имаа можност да научат како соодветно да го третираат и рециклираат е-отпадот.
Како продолжение на приказната за помалку е-отпад беше организирана е-журка? ЖУРКА Е!!!! под мотото рециклирај, реупотреби. Преку едукативни видео инсерти и изложба на уметнички парчиња-накит изработени од е-отпад, преку забава беше пренесена пораката за рециклирање на е-отпадот, со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
За подетални информации за главните покровители и иницијатори за одржување на овој проект посетете го порталот http://www.e-otpad.mk