Со игра и забава, преку едукативни предавања и училишен квиз, ЕВН Македонија го спроведе проектот Училишен сервис низ основните училишта во Македонија.
На интересен начин преку слики, различни едукативни средства и интерактивна соработка и заедничка комуникација, најмладите потошувачи учеа како разумно да ја користат електричната енергија, да им ги претстави нејзините опасности и начините како да се заштитат од истите.
Едукативни предавања на тема „Разумно користење на електричната енергија“ беа реализирани во вкупно 70 основни училишта во различни општини на територијата на Република Македонија.
Како завршница на едукативните часови во училиштата, следеше училишен квиз на кој учениците од различни основни училишта имаа можност на забавен и интерактивен начин да ги презентираат стекнатите знаења. Воедно најмладите поторшувачи имаа можност да ги претстават свои литературни и ликовни творби на тема електрична енергија, за што најкреативните и оние кои имаа најголеми знаење беа наградени.
За подетални информации за главните покровител и иницијатор за одржување на овој проект, посетете го порталот www.kids.evn.com.mk